Кина ќе ги елиминира царините за сите африкански земји освен една од 1-ви мај 2026-та година, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг, цитиран од државните медиуми во земјата.
Кина моментално има политика на нулта царина за увоз од 33 африкански земји. Пекинг минатата година објави дека ќе ја прошири политиката на сите 53 свои дипломатски партнери на континентот.
Кина е најголемиот трговски партнер на Африка и клучен поддржувач на големи инфраструктурни проекти во регионот преку својата огромна иницијатива „Еден појас, еден пат“.
Почнувајќи од 1-ви мај, нулти царини ќе важат за сите африкански земји освен за монархијата Есватини (поранешен Свазиленд), која одржува дипломатски односи со Тајван. Кина не го смета демократскиот остров за посебна држава и не ја исклучи употребата на сила за да го заземе.
Многу африкански земји сè повеќе се свртуваат кон Кина и другите трговски партнери откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи царини минатата година.
Си рече дека договорот за нулта царина „несомнено ќе обезбеди нови можности за развој за Африка“.



