ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во јануари 3,2 отсто

Инфлацијата во јануари 3,2 отсто

Според пресметките на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3.2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.2 %. 

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, изнесува –0.7 %.

Намалувањето на инфлацијата во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за  9.3 %, Информации и комуникации за 1.6 %, Рекреација, спорт и култура за 1.5 %, Облека и обувки за 1.2 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 %. 

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 1.0 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.7 %, Услуги за образование, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1%.

Трошоците на животот во групите Осигурување и финансиски услуги, Здравствена заштита и Храна и безалкохолни пијалаци остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година изнесува 97.3.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП