Владата на Соединетите Американски Држави објави дека приходите од царина се за 304 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година, што доведе до намалување на буџетскиот дефицит.
Само во јануари преку царински давачки се собрани вкупно 30 милијарди долари, а од почетокот на фискалната година 124 милијарди долари, објави CNN.
Владата, исто така, изјави дека евидентирала помал буџетски дефицит отколку пред една година, што имплицира дека и повисоките царински давачки помогнале.
Дефицитот во четвртиот месец од фискалната година изнесувал околу 95 милијарди долари, што е пад од околу 26 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави Министерството за финансии.
Од почетокот на годината, ова го доведе федералниот дефицит на 697 милијарди долари, што е за 17 проценти помалку од истиот период во фискалната 2025 година.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат ги воведе царините во април 2025 година, со општа стапка за сите стоки и услуги што влегуваат во САД, заедно со низа таканаречени реципрочни царини за поединечни земји.
Оттогаш, Белата куќа преговара со своите трговски партнери, откажувајќи се од некои од поагресивните царини.
Минатиот ноември, Врховниот суд на САД ги сослуша усните аргументи со кои се оспоруваше покритието под кое Трамп ги оправдуваше царините.
Иако се очекуваше во јануари, Врховниот суд сè уште не пресуди, а во Белата куќа постои загриженост дека негативна пресуда би можела да ги принуди САД да компензираат за досега собраните царини.



