ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГолемите 7-инчни телефони се врааќаат, два големи бренда веќе ги разгледуваат

Големите 7-инчни телефони се врааќаат, два големи бренда веќе ги разгледуваат

Со враќањето на побарувачката за големи екрани за деловна и мултимедијална употреба, телефоните со дијагонала од дури 7 инчи повторно влегуваат во разгледувањето на производителите.

Иако денешните водечки модели најчесто се движат од 6,3 до 6,9 инчи, најновите информации од синџирот на снабдување укажуваат дека „џиновските“ телефони би можеле повторно да се појават на пазарот.

Последниот вистински препознатлив пример за таков уред беше „vivo X Note“, претставен во 2022-ра година. Овој модел се издвои со специјално адаптиран 7-инчен дисплеј во формат 21:10, базиран на панелот „Samsung E5“, кој нудеше исклучително широко видно поле и предности во областа на деловните апликации. Токму оваа комбинација му донесе лојална, но релативно мала, корисничка база.

Зошто се најавува враќањето на 7-инчните телефони

Причината зошто телефоните со екрани од оваа големина се ретки лежи во значително повисоките трошоци за развој и производство. Потребно е да се развијат специјални калапи за екраните, како и сосема поинаков распоред на внатрешните компоненти, што ги прави значително поскапи за производство во споредба со стандардните модели.

Сепак, најновите информации сугерираат дека најмалку двајца производители започнале сериозна проценка на пазарниот потенцијал на 7-инчните телефони. Во споредба со класичните модели на паметни телефони, толку голем екран носи јасни предности при работа со документи, читање е-книги и користење на поделен екран, каде што поголемата густина на текст и просторот за мултитаскинг доаѓаат до израз. Во игрите и видео содржините, таков уред обезбедува искуство поблиску до мал таблет отколку до телефон.

Сепак, враќањето на вакви „џиновски“ водечки модели носи и сериозни предизвици. Покрај високите трошоци за адаптираниот процес на производство, производителите ќе мора да најдат рамнотежа помеѓу инсталирање на голема батерија, масата на уредот и ергономијата на држење на уредот во рака. Доколку овие проблеми се успешно решат и првите модели се појават во 2026-та година, корисниците уморни од униформните димензии на денешните телефони конечно би можеле да добијат впечатлива и поинаква алтернатива.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП