ПочетнаЕКОНОМИЈАФрлија крапче а добија рипче – административците етапно ќе добијат раст на...

Фрлија крапче а добија рипче – административците етапно ќе добијат раст на платите!

По договорот кој беше постигнат на релација синдикати на администрацијата и влада сега се поставува прашањето кој што доби и дали некој изгуби?! Математиките на властите се дека околку 11 илјади вработени во администрацијата ќе добијат раст на плафтите за 40 отсто, не утре, туку до 2028ма.

Власта вели дека направила вин-вин ситуација. Практично, велат властите дека со своите колеги воспоставиле договор и тој договор е со рок на траење до 2028 година. Претходно велат дека имале  вакви договори со вработените во образованието, здравството и останатите институции, така што кога сето ова ќе се заокружи, од Владата сметаат дека ќе ги регулираат односите со сите колеги во рамките на институциите.

„Цениме дека една ваква вин-вин комбинација може двете страни да добијат, а најмногу граѓаните и државата, се разбира. Можеме да го направиме тоа со едно зрело работење и со доверба која, мислам, полека но сигурно со одредени структури во синдикатите ќе овозможи влада и синдикати да дојдат до едно заедничко решение“, велат од владата.

Од УПОЗ  во пресметката на платите на вработените како компонента на платата останува минималната плата, а борбата за зголемување на минималната плата за сите работници продолжува сè до нејзино зголемување, а со тоа и зголемување на платите на сите работници што во својата пресметка на плата ја имаат минималната плата. Платата во единиците на локалните самоуправи може да се зголемува преку склучување поединечни колективни договори, велат синдикалците.  

„Покачувањето ќе биде на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Пак ќе повтораме, за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата и ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“, велат од УПОЗ.

Синдикалците од УПОЗ појаснуваат дека минатонеделниот протест не беше за ова зголемување на платите. Договореното од викендов е старо барање на синдикатот. ССМ продолжува со своите активности се со цел зголемување на сите плати за 100 евра и минималец од 600 евра. За утре е закажано блокирање на собранието точно во 10 часот. Со овој потег синдикалците сакаат да ги потсетат народните избраници дека токму тие можат да издејствуваат законски измени кои ќе придонесат за подобар живот на граѓаните, односно на оние кои ги донесе на удобните фотељи.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП