ПочетнаИНТЕРЕСНОЗенит бара наследник на Спалети

Зенит бара наследник на Спалети

spaleti

Лидерот во руското првенство Зенит почна да бара тренер за наредната сезона, тврдат руските медиуми.

Според информациите, клубот од Санкт Петербург ќе го раскине договорот со Лучијано Спалети во текот на летото и веќе е започната потрага по негов наследник.

Во моментов Зенит е во серија од четири последователни натпревари без победа во руската Премиер лигата и денес може да го загуби првото место, ако Локомотив Москва го победи Кубан како гостин.

54-годишниот Спалети е на чело на Зенит од 2009-та година. Тој го доведе клубот од Санкт Петербург до две шампионски титули, една во Купот на Русија и еден Суперкуп на земјата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП