Саудиска Арабија ќе инвестира 2 милијарди долари во проекти за соларна енергија во Турција, според објавата на социјалната мрежа „X“ од турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар.
Во неа, тој известува дека ова е само првиот чекор кон заеднички проекти во областа на зелената енергија.
Бајрактар известува дека е потпишан меѓувладин договор за изградба на две соларни електрани со производствен капацитет од 2.000 мегавати во покраините Сивас и Караман. Следниот чекор е сончева и ветерна енергија со капацитет од 3.000 мегавати, но тие ќе бидат дополнително прецизирани.
Електричната енергија од двата парка ќе ја купува владата во текот на следните 25 години по цена од 1,995 евро центи од централата во Караман, а од другата во Сивас – 2,3415 центи за киловат час. Ова е една од најниските цени за централа за обновлива енергија во Турција, изјави министерот за енергетика.
Според извештајот на „Bloomberg“, двете соларни електрани ќе ги гради саудиската компанија „ACWA Power“, која изгради паркови во Малезија, Индонезија и Узбекистан. 44% од средствата на компанијата ги управува државниот Инвестициски фонд.
Според турските медиуми, вкупната вредност на договорот е 5 милијарди долари.



