„Xiaomi“ го претстави „Pad 8 Pro“ во Кина минатиот септември, својот најмоќен таблет досега, и иако во тоа време не се зборуваше дали ќе стигне на пазарите надвор од Кина, ова сега е потврдено благодарение на „Geekbench“.
Имено, глобалната верзија на овој таблет беше забележана во базата на податоци на „Geekbench“ под бројот на моделот 25091RP04G. Буквата „G“ на крајот потврдува дека ова е модел наменет за пазари надвор од Кина.
Според достапните податоци, таблетот постигна 2.940 поени на тестот со едно јадро и 8.759 поени на тестот со повеќе јадра на „Geekbench“. Како и кинеската варијанта, тој е напојуван од Snapdragon 8 Elite на Qualcomm поврзан со 8 GB RAM меморија, што е основната конфигурација во Кина.
Сè уште не е познато дали глобалниот „Xiaomi Pad 8 Pro“ ќе биде целосно идентичен со кинеската верзија, но ако е, можеме да очекуваме дека ќе има 11,2-инчен 144 Hz IPS LCD дисплеј со максимална осветленост од 800 нити, заедно со 512 GB меморија, задна камера од 50 MP, предна камера од 32 MP и батерија од 9.200 mAh со поддршка за полнење со кабел од 67 вати. Софтверската страна треба да биде покриена од Android 16 со HyperOS 3.
Иако лансирањето сè уште не е официјално потврдено, логичното место за глобалното лансирање на овој таблет е истиот настан каде што „Xiaomi“ ќе го претстави и „Xiaomi 17 Ultra“. Според сите извештаи, ова треба да биде во Барселона на „MWC“ на почетокот на март.



