ПочетнаКОМПАНИИБАНКИКолкава е заработката по акција на трите најголеми банки во 2025 година

Колкава е заработката по акција на трите најголеми банки во 2025 година

Трите најголеми банки во Македонија, Комерцијална банка, НЛБ Банка и Стопанска банка остварија високи профити во 2025 година.

Комерцијална банка е предводник, со добивка од 82,5 милиони евра. По неа следи НЛБ Банка со речиси 80 милиони евра и Стопанска Банка АД Скопје со нешто повеќе од 54 милиони евра. Или, трите банки вкупно заработиле 216 милиони евра за 2025 година.

Заработката по акција на Комерцијална банка изнесува 2.228 денари(2.161 денари во 2024 година), Стопанска банка АД Скопје заработила 191,12 денари по акција(203,52 денари во 2024 година) и НЛБ Банка 5.713 денари по акција(3.858 денари во 2024 година).

Комерцијална банка АД Скопје има издадено 2 279 067 обични акции, Стопанска Банка АД Скопје 17 460 180 акции и НЛБ Банка АД Скопје 854 061 акции.

Колку од остварената заработка по акција ќе се подели за дивиденда по акција, со Одлука до Собранието на акционери ќе предложи Управниот одбор како извршен и Надзорниот одбор како стратегиски орган на банките.

Комерцијална банка АД Скопје веќе објави на Македонската берза дека планира да подели дивиденда од 1.350 денари бруто по акција.

Собранието на акционери ја донесува одлуката за распределба на добивката и одлуката за дивиденда.

Одлуката се носи со најмалку 51 % од гласовите на Собранието, а секоја обична акција носи право на еден глас.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП