Ракометарите на Данска вечерва го освоија златниот медал на Европското првенство, откако ја победија Германија во финалето во Хернинг со резултат 34:27 (18:16).
Симон Питлик ја предводеше Данска до третата титула на Европското првенство со осум гола, додека Јохан Хансен и Матијас Гидсел постигнаа по седум гола.
Јоханес Гола, Јури Кнор и Марко Гргиќ постигнаа по пет гола во германската селекција.
Ова е првата титула на Данска на Европското првенство по 2012 година, кога ја победи српската репрезентација во финалето во Белград.
Порано денес, бронзениот медал го освои хрватската репрезентација, која го победи Исланд со 34:33.



