Од денеска стартува системот „Безбеден град“ во Скопје, Куманово, Тетово и на коридорите 8 и 10, со што автоматски ќе се санкционираат сообраќајните прекршоци.
Во првата фаза ќе се регистрираат прекршоци како брзо возење, минување на црвено, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Казните ќе се испраќаат електронски, а при навремено плаќање ќе нема дополнителни трошоци.
Како што велат од Министерството за внатрешни работи, „Безбеден град“ претставува една од најзначајните инвестиции во сообраќајната безбедност во последните децении и дека системот е насочен кон оние кои свесно ги кршат правилата, а не кон совесните возачи. Според нив, камерите не простуваат, но и не дискриминираат – секој прекршок се третира исто, без разлика кој е зад воланот.
Министерството за внатрешни работи ги информираше граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.

За лаќање во рок од 8 дена се плаќа 50% од глобата.



