Менаџментот на компанијата дојде до таков заклучок откако го заврши прегледот на своето работење.
Американската компанија за финансиски услуги и плаќања Мастеркард планира да отпушти четири проценти од својата работна сила низ целиот свет, изјави денес финансискиот директор на компанијата за обработка на плаќања Сачин Мехра.
Според него, менаџментот на компанијата дошол до таков заклучок откако го заврши прегледот на своето работење, објави Ројтерс.
Оваа одлука ќе влијае на вработените со полно работно време низ целиот свет.
„Врз основа на неодамнешниот стратешки преглед на нашето работење, очекуваме да забележиме еднократен трошок за реструктуирање во првиот квартал од приближно 200 милиони долари“, рече Мехра.



