Комерцијална банка АД Скопје прокнижи одлични финансиски резултати во 2025 година и оствари добивка од 82,5 милиони евра.
Силните финансиски резултати добро ќе ги почуствуваат и акционерите на Банката, со тоа што се планирани 50 милиони евра за исплата на дивиденда, или 1.350 денари бруто по акција.
Како што се вели во соопштението објавено на Македонската берза, Управниот одбор на Комерцијална банка планира до Надзорниот одбор на Банката, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави Предлог Одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати бруто-дивиденда во вкупен износ од 3.076.740 илјади денари, како и Предлог Одлука за определување на износот на дивиденда за 2025 година со која за 1 (една) обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.350,00 денари. Предложениот бруто износ од 1.350,00 денари за 2025 година е за 8,0 % повисок во однос на дивидендата за 2024 година.



