ПочетнаЕКОНОМИЈАКомисијата за заштита на конкуренцијата лани изрече казни во вкупна вредност од...

Комисијата за заштита на конкуренцијата лани изрече казни во вкупна вредност од 862 илјади евра

Комисијата за заштита на конкуренцијата(КЗК) информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.

Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила.

Комисијата ќе продолжи со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП