Кинеските производители на автомобили сè повеќе го освојуваат британскиот пазар, а најдобар пример за ова тврдење е „Jaecoo 7“ – теренец што многумина го нарекуваат „’Range Rover’ од Тему“.
Во декември, овој модел беше шестиот најпродаван автомобил во Велика Британија, пред веќе етаблираните имиња како што се „Mini Cooper“, „Tesla Model 3“ и „Nissan Juke“.

Брендот „Jaecoo“, кој припаѓа на кинеската компанија „Chery“, се појави во Велика Британија пред само една година, а до крајот на 2025-та година продаде околу 28.000 возила и освои 1,4 проценти од пазарот.
Моделот ги престигна познатите брендови како „Honda“, „Citroen“ и „Porsche“.

„Jaecoo 7“ се натпреварува со домашниот „Range Rover Evoque“, но по значително пониска цена.
SUV-от е достапен од 30.000 фунти, што е приближно 14.000 фунти помалку од најевтиниот „Evoque“.

Интересно е што успехот доаѓа и покрај лошите оценки од британските списанија за автомобили.
„What Car?“ му даде само две од пет ѕвездички, критикувајќи ја удобноста, управувањето и мултимедијата, но ја пофали богатата опрема и седумгодишната гаранција.
Основната верзија користи 1,6-литарски бензински мотор со 145 ks, додека достапна е и plug-in хибридна варијанта, како и помал модел, „Jaecoo 5“, кој се нуди и со електричен погон.

Комбинацијата од атрактивен дизајн, ниска цена и долга гаранција се покажа како победничка формула.
Толку успешна што „Chery“ наводно размислува да отвори фабрика во Велика Британија. Кинеските брендови очигледно ги менуваат правилата на играта на европскиот пазар.



