Според информациите дадени од познатиот аналитичар Марк Гурман, технолошкиот гигант од Купертино интерно развива проект со кодно име „Campos“.
Целта е целосно да се замени застарениот систем „Siri“ со модерен интерфејс што ќе им овозможи на корисниците да водат течен, природен и сложен разговор.
Интересно е што „Apple“ не влегува во оваа авантура сосема сам. За да ја стигне конкуренцијата, „Apple“ склучи партнерство со „Google“, па затоа новиот „Siri“ всушност ќе биде напојуван од моделите „Gemini AI“.
Иако гигантот од Купертино тестираше посебна апликација „Campos“, извори блиски до компанијата тврдат дека „Apple“ нема намера да ја објави како посебен софтвер. Наместо тоа, новата вештачка интелигенција ќе биде имплементирана во јадрото на оперативниот систем, давајќи им на корисниците можност да управуваат со апликации и податоци на начин што не беше можен претходно.
Иако веста звучи револуционерно, корисниците ќе мора да бидат трпеливи уште некое време. Планот е овој „нов мозок“ за „iPhone“ и „Mac“ да се појави дури кон крајот на 2027-ма година, со серијата оперативни системи „iOS 27“.
Сепак, првите значајни подобрувања доаѓаат порано. Со „iOS 26.4“, кој се очекува во наредните месеци, „Siri“ ќе добие одредени функции за вештачка интелигенција кои првично беа најавени пред две години, но постојано се одложуваа.



