Како да се справите со лоша циркулација и постојано ладни стапала?
Облекувањето во слоеви, топлите пијалоци, волнената облека, удобните водоотпорни чевли, капите, шаловите, ракавиците, не помагаат? Преминете на билни раствори!
Лук за ладни стапала
Тој ја стимулира циркулацијата и најдобро е да се јаде сиров, но можете да го додадете и во салати, супи, печено месо, риба…
Лути пиперки
Одличен штит против настинки, а тие исто така ја зголемуваат температурата. Во Италија и Кина, тие особено ги користат за подобра циркулација. Во некои постудени области, луѓето ставаат малку мелена лута пиперка во чевлите и чорапите за да се ослободат од чувството на ладни стапала. Најдобро е, како нив, да посипете малку мелен кајенски пипер на стапалата и да облечете топли памучни чорапи, а дури потоа чизми.
Цимет
Циметот делува добро против згрутчување на крвта и затоа е одличен за подобра циркулација. Вклучете го во топли пијалоци, но и во бисквити и утрински житарки.
Ѓумбир за ладни стапала
Најдобриот „грејач“ меѓу чаевите е секако ѓумбирот. Можете да направите и бања така што прво ќе сипете една лажица мелен ѓумбир (или 200 грама сечкан свеж ѓумбир) во 2 литри вода и ќе ја ставите на шпорет да зоврие. Тргнете од шпоретот, потоа оставете покриено 15 минути, потоа процедете и додадете во када со топла вода. Чајот е исто така одличен „грејач“, а можете да го комбинирате со лимон за подобар вкус.



