ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го намалува ограничувањето на цената на руската нафта на 44 долари...

ЕУ го намалува ограничувањето на цената на руската нафта на 44 долари за барел

Европската унија одобри ново ограничување на цената на руската нафта од 44,10 долари за барел, според објавувањето во Службениот весник на ЕУ. Промената ќе стапи на сила на 1-ви февруари 2026-та година.

Преодниот период, во кој испораките по договори по стара цена од 47,60 долари склучени пред февруари можат да се финализираат, е до 16-ти април.

ЕУ воведе ембарго за купување руска нафта за своите членки (со исклучок на испораките преку нафтоводот Дружба до Унгарија и Словачка). Сепак, дозволена е продажба во трети земји, а ограничувањето беше воведено за да се намалат приходите во руската државна каса, но и за да се спречи дефицит на пазарите на нафта.

Според правилата, осигурителите, сопствениците на бродови итн. мора да обезбедат дека ограничувањата се исполнети за да им ги обезбедат своите услуги на руските компании.

Сепак, Русија најде начин да ги заобиколи санкциите со користење на сопствени бродови од „флотата во сенка“. Сепак, според проценките на аналитичарите, само 35% од продадената руска нафта не ги крши западните правила и санкции.

Земјите од Г-7 не го променија плафонот и тој останува на 60 долари за барел. Мерката беше воведена на крајот на 2022-ра година.

Во исто време, САД воведоа санкции врз Лукоил и Роснефт, што ја спушти цената на руската нафта под 40 долари за барел во последната недела. Сортата Урал се тргува на најниско ниво од почетокот на 2022-ра година, кога започна војната во Украина.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП