ПочетнаЕКОНОМИЈАНа стартот на годинава најмногу станови ќе се градат во Скопје, а...

На стартот на годинава најмногу станови ќе се градат во Скопје, а цените зголемени за 25%!

Не запира трендот на раст на бројот на нови градби во Македонија. По бројот на издадени дозволи може да се заклучи дека далеку од завршена е инвазијата на изградба на нови згради. Градежниот сектор излезе со информација дека побарувачката на станови расте, а со тоа и цената се оддржува на едно високо ниво. На крајот на ланската година, односно во ноември 2025 година се издадени 304 одобренија за градење, што е за 16.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Податоците на Државниот завод за статистика велат дека најмногу одобренија за градење или 208 се издадени за високоградба. Во овој дел предничи Скопскиот регион за каде се издадени 110 одобренија за градба. Според планот, во периодот што следи ќе бидат изградени нови 761 станови.

„Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 400 888 илјади денари, што е за 27.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 ( 68.4%) се наменети за објекти од високоградба, 34 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 62 ( 20.4 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 304 објекти, на 162 (53.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (46.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 761 стан со вкупна корисна површина од 67 767 м2.“

По Скопскиот регион најмногу одобренија за градба се издадени во Полошкиот регион и тоа 55. Во Вардарскиот регион 36, во Југозападниот регион 29, во Источниот регион 25.

Во меѓувреме Народната банка излезе со најнови податоци за цените на недвижностите. Бројките потврдуваат дека цените на недвижностите продолжуваат да се зголемуваат. Во четвртиот квартал од минатата година, цените на становите во Скопје поскапеле за неверојатни 25 проценти на годишно ниво.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП