ПочетнаЕКОНОМИЈАТурците и Германците најбројни туристи во Македонија

Турците и Германците најбројни туристи во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2025 година 77 570 туристи оствариле 146 605 ноќевања

Во ноември 2025 година, од вкупниот број туристи, 25.7 % се домашни, а 74.3 % се странски туристи. 

Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146 605, од кои 33.9 % се од домашните туристи, а 66.1 % од странските туристи.

Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.0 %, со тоа што кај домашните туристи има намалување за 2.5 %, а кај странските има зголемување за 10.3 %.

Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.8 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.3 %, а кај странските има зголемување за 6.9 %.

Најмногу странски туристи во ноември пристигнале од Турција 12 401, од Германија 11 812, од Србија 3 793 и од Грција 3506.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП