ПочетнаАВТОБИЗ„Mazda CX-6e“ - Премиера на новиот електричен „SUV“ (ФОТО+ВИДЕО)

„Mazda CX-6e“ – Премиера на новиот електричен „SUV“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сосема новиот „Mazda CX-6e“, електричен „SUV“ од средна класа, премиерно беше претставен на Саемот за автомобили во Брисел.

„Mazda CX-6e“ користи литиум-железо-фосфатна (LFP) батерија од 78 kWh и има погон на задните тркала. Електричниот мотор развива 190 kW (258 ks) и 290 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 7,9 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 185 km/h. Декларираниот WLTP опсег е до 484 km.

Моделот поддржува брзо „DC“ полнење со моќност до 195 kW, што овозможува батеријата да се наполни од 10 до 80% за околу 24 минути. За полнење дома, обезбеден е трифазен AC полнач со моќност од 11 kW со приклучок од тип 2.

Внатрешноста има голем централен екран на допир од 26 инчи со поделен преглед, како и „head-up“ дисплеј.

Возилото поддржува безжични „Apple CarPlay“ и „Android Auto“, како и повеќејазична гласовна контрола. Достапна е и специјално развиена мобилна апликација за управување со функциите на возилото и полнењето.

Безбедносниот пакет вклучува девет воздушни перничиња, камери, радари и ултразвучни сензори, заедно со стандардни системи за помош како што се автономно сопирање во итни случаи, помош при одржување на лента и следење на мртвите точки.

„Mazda CX-6e“ има меѓуоскино растојание од 2.902 mm. Волуменот на багажникот е 468 литри, а со склопени задни седишта се зголемува на 1.434 литри. Моделот ќе се нуди во неколку бои на каросеријата, вклучувајќи ја и новата нијанса „Nightfall Violet“.

Продажбата на новиот „Mazda CX-6e“ во Европа е планирана од летото 2026-та година. Во исто време, „Mazda“ ја претстави и новата генерација на моделот „CX-5“ во Брисел, која носи освежен дизајн и нова боја на каросеријата, морнарско сина.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП