ПочетнаКОМПАНИИ„Revolut“ во преговори за преземање турска банка во потрага по нови пазари

„Revolut“ во преговори за преземање турска банка во потрага по нови пазари

„Revolut“ е во преговори за преземање на турската дигитална банка „FUPS“, со цел да почне да ги нуди своите услуги на турскиот пазар, изјавија за „Bloomberg“ извори запознаени со случајот.

Сè уште не е донесена конечна одлука, ниту, пак, е гарантирано дека договорот ќе се реализира, велат изворите, кои побарале да останат анонимни. Доколку сепак се постигне договор, аквизицијата ќе треба да добие одобрение од турскиот банкарски регулатор „BDDK“.

Портпаролот на „Revolut“ изјави дека компанијата нема да коментира за „пазарни гласини или шпекулации“, додека од „FUPS“ одбија да дадат коментар.

„Revolut“, кој е предводен од милијардерот Ник Сторонски, има околу 70 милиони корисници ширум светот. Во последните месеци, необанката интензивно се насочува кон проширување на своето присуство на нови пазари – од Скандинавија до Мексико. Компанијата беше проценета на 75 милијарди долари во ноември, со што дополнително го зацврсти статусот на еден од највредните стартапи во Европа.

„FUPS“, релативно малку позната турска банка што нуди финтек-услуги, доби банкарска лиценца во 2022-ра година со почетен капитал од 1,5 милијарди турски лири, или околу 81 милион долари во тоа време. Според најновите податоци на Турската банкарска асоцијација, компанијата има околу 60 вработени.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП