Вработените во секторот култура повторно се извисени од страна на министерството за туризам, обвинува синдикатот. Синдикатот на вработениоте во културата вели дека ресорното министерство повторно се обидува да го поништи она што судот веќе јасно и недвосмислено го утврди, а тоа е дека платите во културата мора да се зголемат согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор, односно за 10% од основната бруто плата утврдена со Колективниот договор за културата. На овој начин од СКРМ додаваат дека властите прво Велигден, а сега и нова година и Божиќ им ги честитаат со честитка во форма на „Упатство“, со кое повторно се обидуваат да да го поништи она што судот веќе јасно и недвосмислено го утврди: дека платите во културата мора да се зголемат согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор, односно за 10% од основната бруто плата утврдена со Колективниот договор за културата.
Во дописот до медиумите СКРМ вели дека, наместо да спроведе судска пресуда, министерот самоволно и тврдоглаво, незнајно од кои причини, повторно ја воведува истата незаконита формула – т.н. „разлика меѓу август и септември 2023“, формула која судот експлицитно ја прогласи за спротивна на Општиот колективен договор и на утврдените права на вработените.
„Со ваквото дрско и свесно постапување, кое претставува морална недоличност со умисла, преку одбивање да се постапува по службена должност и преку непочитување на универзалните начела на правото, господинот министер не само што ги пречекорува своите овластувања, туку се поставува над судот, над колективните договори и над законите. Ова е директно кршење на владеењето на правото, создавање правна несигурност и грубо мешање во веќе утврдени работнички права. Ова не е „упатство“, туку обид за поништување на правниот поредок во културата. Не станува збор за никаква „административна грешка“, туку за свесно и јавно кршење на колективните договори, самоволно редефинирање на платите и демонстрација дека господинот министер си зема за право да измислува права, наместо да ги спроведува“, велат синдикалците за култура.
Синдикатот го повикува Министерот за туризам, кој во моментов кој според нив си ја доделил улогата на правник, адвокат и судија а велат утре можеби вештак, а зошто да не и премиер, и дека тој мора да научи една едноставна, но суштинска лекција: не постои акт на министер што е над судска пресуда и над колективен договор.
„СКРМ нема да дозволи платите во културата да се пресметуваат по „министерска математика“, наместо согласно закон и колективни договори. Повторно ќе ги преземеме сите расположливи правни механизми – од управни спорови, до иницирање постапки за утврдување кривична одговорност – со цел да се запре ова самоволие и да се заштитат правата на вработените во културата, кои добро знаат колку трнлив беше патот до склучување на Колективниот договор, на кој очигледно министерот заборави откако стана дел од извршната власт. Кога извршната власт се поставува над судската, во случајов – Вие, господине министре – тоа не е чин на управување, туку чин на узурпација на воспоставените и договорени норми и правила кон кои, барем декларативно, и самите се стремите. Или не?“, стои во дописот.
Сега синдикалците го повикуваат и премиерот Христијан Мицкоски кој воедно го прашуваат дали тој знае дека министерот за туризам, без да наведат дека е и за ресорот култура дека донел упатство без претходно да биде свикана Комисијата за толкување на Општиот колективен договор, како што јасно стои во информацијата на Влада од 9 декември 2025, што по редот на нештата треба да е основа за да се донесе било какво упатство за проблем кој зависи од сосема други страни.
Синдикатот и работниците во културата се до толку гневни што сметаат дека ова самоволие преку ваквото упатство, покрај тоа што се става над законите и судовите во државата, има намера да делува спротивно на насоките на владата од која е дел.
Затоа СКРМ учтиво возвраќа на оваа „честитка“ со пораката:
“Изнудени судски пресуди“, „донесени на начин на кој се донесени“ и „без вештачење“ – цитат, постојат исклучиво во Вашата имагинација и претставуваат произволни конструкции со кои се обидувате да ги оправдате сопствените погрешни постапки по преземањето на министерската функција.
И.П



