ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во декември порасна на 4,1 отсто

Инфлацијата во декември порасна на 4,1 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4.1 %, а индексот на цените на мало од 3.6 %.       

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, порасна за 0.4 %.

Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7.2 %, Рекреација и култура за 6.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 5.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4.6 %, Разновидни стоки и услуги за 3.7 %, Облека и обувки, Здравје за 3.1 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.8 %, Комуникации за 1.3 %, Транспорт за 0.8 % и Образование за 0.1 %. 

Зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.8 %, Рекреација и култура за 0.8 %, Здравје за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели за 0.4 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 %, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %. 

Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 % и Облека и обувки за 0.2 %. 

Трошоците на животот во групите: Образование и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.                                           

Индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи зголемување од 4.1 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7 %.                 

Индексот на цените на мало во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 101.9. 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП