ПочетнаКОМПАНИИДали Лукоил оди кај Американците? Понуда што ќе биде тешко да се...

Дали Лукоил оди кај Американците? Понуда што ќе биде тешко да се одбие

Американскиот нафтен гигант „Шеврон“ и инвестицискиот фонд „Квантум Капитал Груп“ планираат да поднесат заедничка понуда за преземање на целиот имот на руската компанија „Лукоил“ надвор од Русија, чија вредност се проценува на 18,8 милијарди евра. Администрацијата на Доналд Трамп е известена за предлогот, додека преговорите траат до 17 јануари 2026 година и зависат од одлуката на Министерството за финансии на САД и одобрението од регулаторите.

Понудата ги вклучува сите нафтени и гасни капацитети, рафинерии и малопродажна мрежа на „Лукоил“ надвор од Русија, вклучувајќи повеќе од 2.200 бензински пумпи распоредени низ Европа, Азија и Блискиот Исток. Компанијата се одлучи за овој потег откако САД и Велика Британија воведоа санкции насочени кон продажба на нафта и деривати на вториот најголем производител во светот, рускиот „Лукоил“, кон средината на октомври 2025 година, што ја забрза одлуката за продажба на странски средства.

Швајцарскиот „Гунвор“ беше првиот понудувач, но се откажа откако Белата куќа го означи како „руска алатка“.

После тоа, интерес покажаа големи глобални и регионални компании и фондови, меѓу кои унгарски MOL, Exxon Mobil, Exxon Mobil, Saudi Midad Energy, инвестицискиот фонд Carlyle, International Holding Company од Абу Даби. Покрај нив, меѓу заинтересираните се споменува и австрискиот бизнисмен Бернд Бергмаир.

Одлуката за купувачот ја донесува Министерството за финансии на САД, додека секој договор е предмет на одобрување од американските регулатори. Ова практично значи дека американскиот претседател Доналд Трамп го задржува правото на вето, со што има одлучувачко влијание врз конечниот исход од трансакцијата.

Санкциите што го активираа процесот на продажба беа делумно ублажени со тоа што OFAC ја продолжи лиценцата за работа со бензински пумпи на Лукоил надвор од Русија до 29 април 2026 година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП