ПочетнаЕКОНОМИЈАНова година – нова надеж за вработените во Управата за водење на...

Нова година – нова надеж за вработените во Управата за водење на матична книга!

Вработените во Управата за водење на матичи книги ги чекаат надлежните да го закажат состанокот на кој треба да се договори зголемување на платите во оваа државна институција. Последните информации беа дека на стартот од оваа година управата на заедничка маса со министерството за финансии и со министерството за дигитална трансформација треба да договорат зголемување на платите. Во спротивно најавени се повторни штрајкови, нешто што се случи на крајот на ланската година.

Околу 350 вработени во Управата за водење на матични книги го чекаат повикот на министерството за финансии за средба со раководството и синдикатот на оваа државна институција. Ваква средба начелно е договорено на крајот од 2025та, и им било ветено дека ќе добијат зголемување на платите. Тогаш вработените решија да го прекинат штрајкот на работното место и да им се вратат на нивните задачи. Од управата велат дека финансии им испратил предлог колективен договор во кој стоела и точка зголемување на платите за 20 отсто.

„Овој наш проблем е децениски. Барањата на вработените се оправдани и издржани. Во Упрвата за водење на матични книги работат професионалци и се грижат за секоја услуга која ја добиваат граѓаните од оваа институција. Предлог колективниот договор е во фаза на одлучување во владата и мислиме дека ќе има позитивна одлука и дека треба да стапи во сила“, велат од Управата.

Освен зголемување на платите во тој колективен договор стои и ставка која гарантира зголемени дневници за венчавките и излегувањето на терен на службениците.

Доколку повторно надлежните имаат намера да ги изиграат вработените во Управата за водење на матични книги ќе следува генерален штрајк. Тоа беше и најавено на крајот на ланската година, но тензиите се смирија токму поради најавената средба која треба да се случи во ресорното министерство. Освен плати во управата треба да се вработат уште стотина други лица кои се неопходни за нормално функционирање на институцијата.

Синдикатите од оваа институција велат дека треба сериозно да постапат бидејќи генерален штарјк ќе значи тотален крах во издавањето на голем број на документи кои им се потребни на граѓаните.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП