ПочетнаКОМПАНИИ„Turkish Airlines“ ќе го гради најголемиот карго терминал во светот

„Turkish Airlines“ ќе го гради најголемиот карго терминал во светот

Турскиот национален авиопревозник „Turkish Airlines“ објави дека ќе го изгради најголемиот карго терминал во светот и центар за кетеринг во авионот со инвестиција од 100 милијарди турски лири (над 2,3 милијарди евра), објави агенцијата „Анадолу“.

Во објава на социјалната мрежа „Ен Социјал“, авиокомпанијата напиша дека новиот терминал ќе создаде 26.000 работни места.

Локацијата каде што ќе се отвори терминалот не беше прецизирана, но веројатно ќе биде Истанбул – комерцијалниот главен град на Турција, кој има два меѓународни аеродроми и е седиште на авиокомпанијата.

„Turkish Airlines“ е еден од најголемите авиопревозници во светот, кој годишно превезува повеќе од 85 милиони патници и 2 милиони тони товар.

Авиокомпанијата моментално има 514 авиони. Во вторник, извршниот директор на „Turkish Airlines“, Билал Екси, изјави дека до 2033-та година компанијата ќе стане една од петте водечки авиокомпании во светот, со флота од 813 авиони.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП