ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја е причината за континуираниот минус на контото на индустријата?!

Која е причината за континуираниот минус на контото на индустријата?!

Неколку месеци по ред се намалува индустриското производство, а во исто време се намалува и бројот на работници во индустријата. Причините засега се непознати. И покрај државната помош од евтини кредити за подобрување на состојбите во стопанството податоците на Државниот завод за статистика се во негатива.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември  2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4.7 %. Во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.6 %. 

„Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: производство на пијалаци, производство на текстил, производство на облека, производство на хемикалии и хемиски производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и производство на мебел“, се наведува во извештајот на ДЗС.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 8.5 %, Капитални производи за 2.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.7 %. Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, е зголемено за 1.9 %. 

Податоците велат дека бројот на работниците во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 5.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3 %.

„Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември  2025 година, во однос на ноември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.4 %, Капитални производи за 4.5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4.0 %.  Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, се намалил за 3.6 %“, се наведува во соопштението на ДЗС.

Најголемите предизвици во периодот што следи на тешката индустрија доаѓаат од  надвор, односно се ќе зависи од најавените такси и давачки кои ги налага Европската унија за извоз на производи кои се произвеле со струја добиена од фосилни горива.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП