ПочетнаЕКОНОМИЈАКои беа очекувањата, што беше ветено, а каква беше реализацијата на економските...

Кои беа очекувањата, што беше ветено, а каква беше реализацијата на економските достигнувања во 2025?!

Многу очекувања, уште повеќе ветувања, но каква е реализацита на економските политики и проекти во годината која ја оставивме зад себе.

Во 2025та актуелната власт донесе буџет на земјава по своја мера. Велеа дека е развоен со проекти кои ќе бидат во интерес на државата. Бизнисот се надеваше дека ќе излезе од неколку годишната криза и токму 2025та ќе биде година на економска преобразба.

Експертската јавност се уште беше скептична, барем поголем дел од професорите од областа на економијата предупредуваа на инфлаторни турбуленции, ризици од странство кои ќе влијаат на исполнување на целите, но и на популистички мерки за тоа како е предвидено да се трошат државните пари.

Властите на стартот од новата година најавуваа економски напредок на државата, поддршка на стопанството и зголемени напори во привлекувањето на странски инвестиции.

Првото поголемо економско случување лани беше поделбата на унгарскиот заем од 500 милиони евра, кој започна во 2024 година. Лани беше очекувана реализација на проектите за кои аплицираа фирмите но и локалните самоуправи. Парите имаа за цел подобрување на домашното производство, но и развој и разубавување на општините.

Тоа што повторно носеше неизвестост за приватниот сектор, беше што годината 2025 е изборна, се бираа градоначалници.

Секако една од маките на македонската економија и во 2025 година остана недостатокот на работен кадар. Државните институции преброија дека на пазарот на труд на црно работат 100 илјади работници, податок кој е сериозно загрижувачки. Сивата економија остана но и се продлабочи и покрај тоа што од меѓународната заедница владата доби пофалби дека во земјава се работи нешто за нејзино сузбивање. Реалноста е дека неформалната економија јаде една третина од вистинската економија.

Инфлацијата или борбата со трошоците на живот на граѓаните е темата која според многумина експерти требаше доста посериозно да се земе во предвид. Колку и да ја нарекуваат смирена или стабилизирана, инфлацијата добар период од 2025та е на ниво од околу 4%, а власта се надеваше дека ќе ја спушти под 3 отсто. Граѓаните бараа мерки, властите беа безидејни, а експертите сметаа дека пазарот мора да ги формира цените, а не тоа да се прави во владините канцеларии.

На дело беа фатени и неколку компании од трговијата на мало како со помош на ССК здружно ги зголемувале цените, што е надвор од законските правила. Си заработија казна, а ССК доби ново раководство.

Од почетокот на годината па се до последните денови од 2025та, минималната плата беше главната тема на синдикатите или на поголемиот дел од нив. Прво ССМ побара од Економско социјалниот совет да се зголеми минималецот на 500 евра. Експресно беше одбиено тоа барање со образложение дека македонскиот равбоник не работи толку продуктивно за да може да зема толкава плата. Потоа, како растеше вредноста на минималната кошничка така се намалуваше куповната моќ на обичниот работник. Синдикатот излезе со ново барање – 600 евра минималец, не за да се мериме со другите дежави каде минимланите плати секаде растеа, туку да им се овозможи на македонските граѓани достоинствен живот. Не помина нуту ова барање кај работодавачите.

По многуте најави за раст, капиталните инвестиции на крајот на годината беа сведени на ниво од само 62 отсто. Останати негативни моменти во економијата во 2025та беше и доцнењето на поврат на ДДВ за компаниие кој некаде доцнел и до една година, замионувањето на странски инвестиции од Македонија како и затворањето на погони дополнително придонесе за удар врз македонската економија лани.

На крајот на годината се донесе и буџетот на државата, без многу тензии и напнатости во дискусијата, собранието го донесе тој документ кој предвидува дека годинава да се трошат 6,7 милијарди евра, Бруто домашен производ од 3,8 отсто, буџетски дефицит од 3,5 отсто и инфлација на ниво од 2,5 проценти.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП