ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„ChatGPT“ губи доминација, „Gemini“ експлодира – нова ера на AI алатки

„ChatGPT“ губи доминација, „Gemini“ експлодира – нова ера на AI алатки

Најновата анализа на истражувачката компанија „Similarweb“ ги рангира седумте најпопуларни AI алатки за според глобалниот веб-сообраќај. Поранешниот апсолутен лидер „ChatGPT“ забележал пад на пазарниот удел од речиси 20 проценти за само една година, додека „Gemini“ на „Google“ се издвојува како најбрзорастечки учесник во трката.

„Similarweb“ го анализирал сообраќајот на веб-страниците во шест временски пресечни точки: на 5-ти декември, пред еден месец, пред три, шест и девет месеци, како и пред една година, со што јасно се прикажува динамиката на пазарот. Пред една година, „ChatGPT“ држел доминантен удел од 87,2 проценти, додека „Gemini“ имал само 5,4 проценти.

До 5-ти декември, состојбата значително се променила – уделот на „ChatGPT“ паднал на 68 проценти, додека „Gemini“ пораснал на 18,2 проценти, што претставува најголем скок меѓу сите анализирани алатки.

Глобалната табела за популарност на моделите на вештачка интелигенција, објавена од „Semrush“, укажува на сериозни промени на пазарот. Иако „ChatGPT“ сè уште има јасна предност, трендот на раст очигледно оди во корист на моделот на „Google“.

По него следуваат и нови конкуренти. „DeepSeek“ за краток период се искачил од нула на 3,9 проценти пазарен удел, додека „Grok“, поддржан од Илон Маск, достигнал 2,9 проценти и бележи континуиран раст. Други алатки, како „Perplexity“, „Claude“ и „Copilot“, засега остануваат на слично ниво како и пред една година.

Податоците покажуваат дека пазарот на генеративна вештачка интелигенција брзо се менува и дека доминацијата на една единствена алатка повеќе не е сигурна. „Google“ се наметнува како најголем добитник оваа година, додека конкуренцијата покажува знаци на зрелост и сè побрз развој.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП