ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија напредуваше за две места на ФИФА ранг листата

Македонија напредуваше за две места на ФИФА ранг листата

ffm

Фудбалската репрезентација на Македонија бележи скок од две места на ФИФА ранг листата објавен денеска.

Македонската репрезентација сега е на 84. место со 421 поен, колку што има Конго. Во овој период Македонија не одигра натпревар, а минималниот напредок се должи на учинокот на селекциите кои се во близина на македонската селекција на листата.

На врвот во ТОП 10 редоследот е следен: Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија и Бразил. Следното рангирање ќе биде на 19.декември.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП