ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi 17 Ultra“ носи моќна камера од 200 MP и огромна батерија

„Xiaomi 17 Ultra“ носи моќна камера од 200 MP и огромна батерија

Кинеската компанија го претстави телефонот „Xiaomi 17 Ultra“ со импресивен хардвер, при што фокусот повторно е ставен на фотографијата и автономијата.

Најголемата новина е кај системот на камери. „Xiaomi 17 Ultra“ има главен сензор со големина од еден инч, што е реткост дури и меѓу најскапите водечки модели. Станува збор за „Light Fusion 1050L“ сензор од 50 MP и 1 инч, со поддршка за „LOFIC“ технологија.

Дополнително, телефонот доаѓа со телефото камера од 200 MP со перископ (Samsung HPE 1/1.4), наменета за напреден оптички зум и снимање детали на долги растојанија. Присутна е и ултраширока камера од 50 MP со автофокус.

Уредот е напојуван од најновата генерација на чипсетот Snapdragon 8 Elite Gen 5 SoC, во комбинација со до 16 GB LPDDR5X RAM и до 1 TB UFS 4.1 простор за складирање.

На предната страна се наоѓа 6,9-инчен M10 AMOLED LTPO дисплеј со брзина на освежување до 120 Hz, а телефонот располага и со подобрен систем за ладење, кој обезбедува стабилни перформанси при интензивни задачи.

Уште една карактеристика што се издвојува е батеријата, со капацитет од дури 6.800 mAh, што е значително повеќе во споредба со повеќето денешни водечки смартфони. Батеријата поддржува брзо жично полнење од 90 W и безжично полнење од 50 W.

Кога станува збор за дизајнот, „Xiaomi 17 Ultra“ го задржува својот препознатлив премиум изглед, со употреба на квалитетни материјали и отпорност на вода и прашина.

Кинеската компанија го претстави и „Xiaomi 17 Ultra Leica“ изданието, кое ги задржува сите спецификации на стандардниот модел, но нуди и неколку дополнителни карактеристики.

Меѓу нив е механички прстен за зумирање, кој им овозможува на корисниците рачно да ја прилагодуваат фокусната должина, експозицијата и балансот на белата боја.

„Leica“ моделот доаѓа и со специјални „Leica Moment“ режими во сооднос на ширина и висина од 3:2, безбедносни и шифрирани чипови, како и поддршка за двојна сателитска комуникација.

Кога станува збор за цените, стандардниот „Xiaomi 17 Ultra“ започнува од околу 995 долари за варијантата со 12 GB RAM и 512 GB меморија, додека „Xiaomi 17 Ultra Leica“ чини околу 1.140 долари за моделот со 16 GB RAM и 512 GB простор за складирање.

Продажбата на двата модели започнува на 27-ми декември во Кина, а засега нема информации за нивната достапност на глобалните пазари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП