Ви откриваме четири намирници што ги уништуваат бубрезите и чија потрошувачка треба да се сведе на минимум.
На бубрезите им е потребна многу течност и соодветна храна за нормално функционирање. Сепак, некои намирници можат негативно да влијаат на функцијата на бубрезите во дневната исхрана, поради што треба да се избегнуваат.
Имајте на ум дека бубрезите се нешто како воини-заштитници на човечкото тело. Тие играат клучна улога во отстранувањето на отпадот и вишокот течности од телото.
Но, несоодветен начин на живот, кој вклучува нездрав избор на храна, може сериозно да му наштети на здравјето и правилното функционирање на бубрезите.
Дознајте подолу која храна треба веднаш да престанете да ја јадете, или барем да го намалите внесот на минимум, ако сакате вашите бубрези да останат здрави и ефикасни што е можно подолго.
Месни производи
Месните производи, како што се сланината, колбасите, хот-договите и бургерите, се голема закана за здравјето на бубрезите.
Ваквата храна е богата со натриум, а редовното прекумерно внесување натриум може да доведе до зголемен крвен притисок и изложеност на бубрезите на прекумерен напор и стрес.
Покрај тоа, истражувањата сугерираат дека консумирањето повеќе животински протеини отколку растителни протеини може да го забрза напредувањето на заболувањето на бубрезите.
Газирани сокови
Газираните пијалоци имаат екстремно висока содржина на шеќер и речиси никаква хранлива вредност. Затоа, ваквите пијалоци додаваат дополнителни калории (нутритивно бескорисни) во вашата исхрана, што може да резултира со зголемување на телесната тежина.
Студиите покажаа дека консумирањето газирани пијалоци е поврзано со голем број болести, како што се остеопороза, заболување на бубрезите, метаболички синдром и проблеми со забите.
Крајно време е да престанете да пиете газирани пијалоци и да се вратите на вода или свежи овошни сокови, како што е свежата лимонада.
Пржени компири
Ако консумирате компири во форма на чипс или во форма на помфрит во рестораните за брза храна, треба да знаете дека компирите во таква пржена форма им нанесуваат голема штета на вашите бубрези.
Треба да се избегнуваат длабоко пржени јадења за да се заштити срцето и бубрезите од болести. Покрај тоа, компирите се богати со калиум, а сите оние кои веќе имаат заболување на бубрезите треба да го намалат внесот на калиум.
Замрзнати оброци
Истражувањата покажаа дека преработената храна, како што се готовите замрзнати оброци и оброците подготвени за микробранови печки, може да придонесат за развој на дијабетес тип 2.
Силно или ултра-преработената храна значи дека е полна со скриени масти, шеќери и/или натриум. Секогаш е подобро да се подготви свеж оброк од интегрална храна и да се избегнуваат замрзнати полу-подготвени јадења кои треба само да се пржат или загреат за да бидат подготвени за консумирање.
Ако апсолутно мора да јадете замрзнати оброци, изберете ги оние што имаат ниска содржина на натриум или „без додадена сол“ на етикетата. Можете малку да го „подобрите“ нутритивниот квалитет на таков оброк со додавање свеж зеленчук или овошје, пишува „Слободна Далмација“.



