ПочетнаЕКОНОМИЈАТошковски објави колкава ќе биде толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“

Тошковски објави колкава ќе биде толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во емисијата Топ Тема на Телма, објави колкави отстапки, односно колкава ќе биде толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“.

Според него, толеранцијата ќе изнесува 6 километри на час за брзини до 100 км/ч, 8 километри на час за брзини над 100 км/ч и 12 километри на час за брзини над 200 км/ч.

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот.

Во интервјуто за „Топ тема“, министерот изјави дека имплементирањето на проектот „Безбеден град“ заедно со одржувањето во периодот од 2008 до 2025 година, ги чинело граѓаните околу 85 милиони евра. Деталите за бројот и цената на камерите остануваат класифицирани.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП