ПочетнаАВТОБИЗ„Hyundai“ го подготвува најголемиот електричен модел досега – поголем од „Ioniq 9“?

„Hyundai“ го подготвува најголемиот електричен модел досега – поголем од „Ioniq 9“?

„Hyundai“ наговести за доаѓањето на своето најголемо електрично возило досега, кое ќе биде претставено во јануари, а сè укажува дека ќе биде уште поголемо од „Ioniq 9“. Иако деталите сè уште не се официјално потврдени, првите индиции веќе се таму.

„Ioniq 9“ е веќе исклучително голем SUV според европските стандарди со три реда седишта и должина поголема од пет метри. Па се поставува прашањето, што подготвува „Hyundai“ како следен чекор?

Компанијата наведува дека новиот модел „ја надополнува постојната понуда на електрични возила“, што сугерира дека не треба да биде уште еден класичен голем „SUV“.

Потврдена е архитектура за полнење од 800 волти и „најсовремена електрична технологија“, додека фактот дека станува збор за сериски модел, а не за концепт, укажува дека возилото е практично подготвено за производство.

Единствената тизер фотографија открива LED светлосна лента со целосна ширина, што дополнително ги поттикнува шпекулациите.

Сè повеќе извори веруваат дека ова е целосно електрична верзија на футуристичкиот модел „Hyundai Staria“.

Овој голем миниван е долг 5,25 метри, што го прави поголем од „Ioniq 9“. Првите информации за електричната „Staria“ се појавија кон средината на 2024-та година, со најави дека серискиот модел би можел да пристигне во 2026-та година.

Европа се споменува како еден од клучните пазари за ова електрично комби, заедно со Австралија и Тајланд.

„Staria“ се произведува од 2021-ва година со бензински, дизел и хибридни погони, додека се очекува електричната верзија да постигне околу 20.000 продажби годишно на глобално ниво.

„Hyundai“ ќе го претстави својот најголем електричен автомобил на Саемот за автомобили во Брисел, додека сестринската компанија „Kia“ ќе го покаже својот најмал електричен модел, „EV2“, како и „GT“ верзиите на „EV3“, „EV4“ и „EV5“ на истиот настан.

Саемот се отвора на 9-ти јануари и ќе собере вкупно 64 автомобилски брендови.

Иако минивановите не се меѓу најатрактивните типови возила, „Hyundai“ и „Kia“ со оваа најава покажуваат дека саемите за класични автомобили сè уште имаат свое место, дури и во ерата на социјалните медиуми.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП