„Lenovo“ официјално потврди дека наскоро ќе го лансира новиот телефон „Moto X70 Air Pro“.
Компанијата го истакнува слоганот „не само Air, туку и AI и уште повеќе Pro“, јасно нагласувајќи дека главната новина ќе бидат подобрувањата во вештачката интелигенција. Објавениот тизер исто така истакнува дека AI е клучна тема на оваа серија.
За споредба, „Moto X70 Air“, претставен во октомври, се издвои со екстремно тенко тело од 5,99 mm и тежина од 159 g, со централна рамка закривена 5,3 mm за подобар зафат во раката. Телефонот беше приближно тенок како картичка, што „Lenovo“ го потенцира преку пораката дека „не секој ‘Air’ е вистински ‘Air’“ кога станува збор за техниката на производство.
Верзијата „Moto X70 Air Pro“ носи посилни функции со AI и наменски хардвер.
Телото е изработено од алуминиум од авионски квалитет со метален финиш и закосени рабови од 45 степени, додека задната страна е од кожа „air nano“ од 0,55 mm со текстура слична на јаглеродни влакна, пријатна на допир и отпорна на гребнатини. Екранот е заштитен со „Corning Gorilla Glass 7“ генерација (GG7i), со подобрена отпорност на падови и гребнатини во споредба со конвенционалното алуминосиликатно стакло.
„Moto X70 Air“ има воена сертификација GJB150A-2009 потврдена преку 14 тестови, како и отпорност на прашина и вода IP68/IP69, што овозможува уредот да се користи без куќиште и со помал ризик. Во срцето на телефонот е Qualcomm Snapdragon 7 Gen 4, произведен во 4nm процесот на TSMC, со подобрена ефикасност и помала потрошувачка на енергија. Ладењето е обезбедено преку прилагодена 3D комора за пареа од 0,35 mm, што го подобрува преносот и ослободувањето на топлина за 18%.
Батеријата од 4800 mAh користи силициум-јаглеродна анода и поддржува жично полнење од 68 W и безжично полнење од 15 W. Дизајнот овозможува отпорност на падови под агол од 26 степени. Системот на камери е троен, со три сензори од 50 MP, а главната камера има оптичка стабилизација.
Судејќи според името, „Moto X70 Air Pro“ ќе донесе нови подобрувања во вештачката интелигенција во споредба со стандардниот модел. Засега, е наменет првенствено за кинескиот пазар, што ја прави оваа серија еден од клучните адути на „Motorola“ во сегментот на напредни паметни телефони, објавува „mydrivers“.



