ПочетнаЕКОНОМИЈАКина воведува царини до 43% за увоз на млечни производи од ЕУ

Кина воведува царини до 43% за увоз на млечни производи од ЕУ

Кина воведува царини до 43% за некои млечни производи увезени од Европската Унија (ЕУ) по завршувањето на истрагата за субвенциите на производителите, објави „Bloomberg“.

Ова дополнително го продлабочува трговскиот спор на земјата со блокот.

Во прелиминарна пресуда, Пекинг изјави дека ќе воведе царини до 42,7% за некои млечни производи од блокот откако кинеските власти открија дека извозот бил субвенциониран, соопшти Министерството за трговија на земјата.

Кина започна истрага за увозот од регионот во август 2024-та година, фокусирајќи се на млечни производи, вклучувајќи свежо и преработено сирење.

Европската Унија подоцна ја оспори истрагата, барајќи консултации преку Светската трговска организација (СТО).

Кина ја започна истрагата во август 2024-та година. Меѓу опфатените производи беа свежо и преработено сирење, некондензирано млеко и павлака без додаден шеќер. Во август оваа година истрагата беше продолжена за 6 месеци.

Брисел претходно воведе компензаторни давачки за кинеските електрични возила, а ги намали само еден ден пред да започне истрагата.

Кина претходно започна антидампинг истрага за производи од свинско месо увезени од ЕУ.

Извозот на млечни производи од ЕУ во Кина се проценува на над 1,5 милијарди евра во 2024-та година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП