Заборавениот шпански производител на автомобили „Santana Motors“ го рестартираше производството во Шпанија, благодарение на соработката со кинеските компании.
Фабриката во Линарес сега склопува нови модели на пикапи, додека се планираат и дополнителни возила развиени во партнерство со кинескиот производител „BAIC“.
„Santana Motors“ е основана во 1950-тите, а од 1958-ма година произведува модели на Ленд Ровер под лиценца, кои се извезуваат низ цела Европа, Африка и Јужна Америка.
Од 1980-тите, компанијата развива свои модели, а подоцна соработува со Сузуки. Поради финансиски проблеми, производството беше прекинато во 2011-та година.

Сега брендот се враќа. Фабриката во Линарес ги произведува моделите пикапи „Santana 400D“ и „400 PHEV“, кои технички се базираат на кинескиот „Nissan Z9“ од „Dongfeng/Zhengzhou“.
Дизел верзијата користи 2,3-литарски мотор со 190 ks (140 kW) и до 500 Nm вртежен момент, со рачен или автоматски менувач.

Во понуда е и plug-in хибрид, во чие срце е 1,5-литарски бензински мотор, со комбинирани 429 ks (315 kW) и 800 Nm, додека чисто електричниот досег со помош на батерија од 32 kWh е до 120 километри, а вкупната автономија е над 1.040 км.

Моделите се богато опремени, со погон на сите четири тркала, модерни дигитални екрани, напредни безбедносни системи и конкурентни цени.
Дизелот започнува од 29.900 евра, додека „plug-in“ хибридот чини од 44.700 евра.
Покрај тоа, „Santana Motors“ потпиша стратешки договор со „BAIC“. Возилата на кинескиот производител ќе се склопуваат во Шпанија од полусклопени комплети, а планирано е да се развијат нови модели со уникатен дизајн и идентитет на брендот „Santana“.

Новите теренски возила и патнички возила се очекуваат помеѓу 2026-та и 2028-ма година.
Неверојатен факт: „ChatGPT“ троши повеќе електрична енергија од цела Словенија!
„ChatGPT“ троши околу 17,23 TWh електрична енергија годишно, што е повеќе од целата потрошувачка на Словенија, покажува ново истражување.
Според истражувањето на Универзитетот во Род Ајленд, алатката „ChatGPT“ троши околу 0,189 киловат-часови по барање, а годишната потрошувачка се пресметува врз основа на тоа што 810 милиони активни корисници поставуваат просечно 22 прашања неделно, објавува „Delo“.
Дневно, „ChatGPT“ обработува повеќе од 2,5 милијарди барања, што троши 47,2 мегават-часови (MWh) електрична енергија.
Оваа енергија е доволна за полнење на 238 милиони електрични возила со батерии со капацитет од 72,4 kWh.
За споредба, просечното домаќинство во Соединетите Американски Држави или Западна Европа троши 29 kWh електрична енергија дневно.
Алан Голдберг, претставник на „Best brokers“, забележува дека енергетската ефикасност на системот се подобрува, но дека растот на бројот на корисници и потрошувачката поради зголемената сложеност на моделите на вештачка интелигенција ги поништуваат овие заштеди.
„Без технолошки иновации, трошоците за користење на вештачка интелигенција би можеле да се зголемат уште повеќе“, забележува Голдберг.



