ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрногорската Влада ќе го намалува јавниот сектор

Црногорската Влада ќе го намалува јавниот сектор

Crna Gora

Јавниот сектор во Црна Гора кој вработува над десет проценти од населението, во наредните години ќе претрпи значајни измени, најави Владата во Подгорица.

Речиси 60.000 граѓани на Црна Гора вработени во јавниот сектор годишно чинат над 600 милиони евра што е петина од бруто-домашниот производ.

Владата одлучи до 2017 година да го намали бројот на вработени за шест илјади луѓе, а расходите на јавниот сектор за 60 милиони евра.

Најмногу отпуштања ќе има во полицијата, здравството и образованието.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП