ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници бр.12/2025

Кој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници бр.12/2025

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 12/2025 за долгови доспеани до 31.08.2025 и неплатени до 30.11.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.12/2025 објавени се 2049 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 4088 физички лица (повеќе за 71 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2025 изнесува 12.394.010.304 денари, (повеќе за 332.601.630 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.183.236.380 денари, (повеќе за 291.233.829 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 210.773.924 денари (повеќе за 41.367.801 од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП