Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „царина“ е неговиот омилен збор, објавуваат американските медиуми.
„Би рекол дека мојот омилен збор е „царина“. Го сакам повеќе од кој било друг збор во речникот“, рече Трамп вчера за време на настан во Пенсилванија, објавува Њујорк пост.
Тој додаде дека неговата царинска стратегија „донесува стотици милијарди долари“ во Соединетите Држави, според американскиот весник.
Трамп рече дека работниците во челичарницата, особено во Пенсилванија, се справуваат подобро поради неговата царинска стратегија.
„Доколку немаше тарифи, немаше да имате челик. Немаше да имаме челичарници во САД и тоа би било навистина лошо за националната безбедност“, рече Трамп.



