ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот „Edge 70“ блеска со премиум дизајн и кристали „Swarovski“

Новиот „Edge 70“ блеска со премиум дизајн и кристали „Swarovski“

„Motorola“ го претстави новото специјално издание на „Edge 70“ во официјалната боја на годината 2026-та според „Pantone“ – „Pantone 11-4201 Cloud Dancer“, украсено со оригинални кристали „Swarovski“.

„Кристалите ‘Swarovski’ се интегрирани во дизајнот, додавајќи етеричен, суптилен сјај кој инспирира креативност и помага во враќањето на фокусот. Целта е корисниците да почувствуваат момент на мир при секојдневната употреба – било во џеб, во дланка или преку дигиталното искуство“, соопштуваат од „Motorola“.

Специјалното издание е дел од „The Brilliant Collection“, внимателно одбран сет уреди кои се фокусираат на супериорна изработка и луксуз, колекција што „Motorola“ ја лансираше претходно годинава во партнерство со „Swarovski“.

„Возбудени сме што ги спојуваме двајца од нашите најсилни партнери, ‘Pantone’ и ‘Swarovski’, со цел да создадеме ексклузивно издание на ‘Motorola Edge 70’“, изјави Рубен Кастано, потпретседател за дизајн, бренд и корисничко искуство во „Motorola“.

Тој додаде дека „Edge 70“, како најтенок уред во својата класа, претставува совршена рамнотежа меѓу прецизност и функционалност.

„Секој детаљ е внимателно изработен од камерите со висока резолуција од 50MP и напредната технологија на батеријата, до ‘Moto AI’ функциите кои интелигентно се прилагодуваат на корисникот“, додава Кастано.

Во однос на изборот на бојата, Леатрис Ајземан, извршна директорка на Институтот за бои „Pantone“, објасни:

„Во период на големи трансформации, додека ја преиспитуваме нашата иднина и нашата улога во светот, ‘Pantone 11-4201 Cloud Dancer’ претставува дискретна бела нијанса што носи јасност.“

Таа додаде дека оваа боја симболизира мир и баланс:

„Бучавата и хаосот што нѐ опкружуваат стануваат сѐ поголеми, што го отежнува слушањето на сопствениот внатрешен глас. Како свесно поедноставување, ‘Cloud Dancer’ го подобрува фокусот и обезбедува простор за одмор од надворешните влијанија“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП