За една година производството во индустријата е зголемено за 2,8 отсто. Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, имаат одделите производство на пијалаци со 11.8 %, производство на електрична опрема со 12.0 %, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 26.5 %.
Интересно е тоа што во исто време бројот на работници во индустријата е намален за идентични 2,8 проценти како што изнесува и растот на производството.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи опаѓање од 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 26.5 %.
Тоа што може да се забележи во извештајот на ДЗС е дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на тутунски производи, печатење и продукција на снимени медиуми, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на производи од гума и производи од пластични маси и производство на електрична опрема.
„Според главните индустриски групи, производството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 25.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9.2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 17.6 %. Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, е зголемено за 2.4 %“, се наведува во извештајот на Државниот завод за статистика.
Во исто време бројот на работниците во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.1 %, Капитални производи за 5.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, се намалил за 3.6 %.
И.П



