ПочетнаЕКОНОМИЈАМинимален број фирми проверуваат дали отворените боледувања на вработените се оправдани или...

Минимален број фирми проверуваат дали отворените боледувања на вработените се оправдани или фингирани

Организацијата на работодавачи спроведе истражување за боледувањата и распределбата на работниците. Во анализата се опфатени 74 компании од сите региони од земјава. Целта на работодавачите е да се подобрат состојбите со боледувањата, скратеното работно време кое пред се е поради здравствените состојби на работниците. Опфатени биле текстилниот сектор, дрвната индустрија, прехранбениот сектор, градежништво, трговија, енергетика.

Анкетата на Организацијата на работодавачи покажува дека мал дел од вработените користат боледување. Податоците велат дека на годишно ниво компаниите имаат 10 отсто од вработените на боледување. Во однос на времетраењето, боледувањата траеле до 15 дена кои биле издадени од матичните лекари.

На компаниите најчести предизвици во однос на боледувањата се, недостатокот на кадар кој треба да ги замени тие кои се на боледување, боледувањата се финансиски товар за фирмите, скратено работно време кое се плаќа како полно работно време, тешкотии со документација. Поголемиот дел од компаниите се изјасниле дека жените повеќе одат на боледување во однос на мажите работници.

„Упатниот процес за контрола на боледувањата е користен многу ретко. Иако голем дело од компаниите забележуваат сомнителни случаи, само 10 од 74 случаи имаат покренато официјална постапка до Фондот за здравствено и пензиско осигурување, за испитување на одреден матичен лекар поради издадено боледување. Огромното мнозинство на компании никогаш немаат пријавено доктор во Фондот“, стои во анализата на Организацијата на работодавачи.

Во однос на прераспределбата на работници, во извештајот на работодавачите може да се забележи дека ако еден вработен не може да ја извршува работната задача и мора да се премести на друго работно место, со таков предизвик се соочиле 39 отсто. Ваквите промени предизвикуваат намалена продуктивност и финансиски импликации, потреба од дополна обука и адаптација, недоволни квалификации и интерес за работа, организациски и административни потешкотии, непостоење на искуство.

Од Организацијата на работодавачи се на став дека до нив сè почесто пристигнуваат жалби од газди за злоупотреби со боледувањата. Тоа се случувало не само во приватниот, туку и во јавниот сектор. Затоа сметаат дека тие, како работодавачи, треба за максимално 15 дена да го плаќаат боледувањето за работникот.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП