Денеска на прес конференција, министерот за внатрешни работи објави дека камерите во Скопје забележале околу 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа.
Министерот, исто така, кажа дека правилата ќе важат за сите, дури и за функционерите, и никој нема да биде поштеден ако направи прекршок. Кажа и дека системот „Безбеден град“ има слабости и дека остануваат отворени за секакви решенија што ќе придонесат за намалување на бројот на жртви во сообраќајот.
„Околу 110.000 за 24 часа само за Скопје, катастрофална бројка. Околу 1.000 прекршоци се за нерегистрирани возила, околу 5.000 за поминување на црвено, а најстрашно е што над 90 отсто или повеќе е пречекорување на брзина“, кажа Тошковски.
Тој потенцираше дека правилата ќе важат за сите, дури и за функционерите, и никој нема да биде поштеден ако направи прекршок.
Од вчера почна пробниот период на проектот „Безбеден град“ кој ќе трае еден месец, а од 1 јануари 2026 ќе стартува и казнувањето.



