Од јули до соптември годинава најмногу работници биле потребни во групата на елементарни занимања. Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека во третиот квартал од годината се барало работник плус во услужните дејности, како тие што подготвуваат и служат храна, така и во сместувачките капацитети. Најголем фактор за тоа е летната туристичка сезона.
Ако гледаме по региони најмногу потреба или најголем број на слободни работни места имало во Скопскиот регион и тоа во компаниите со број на вработени од 10 до 49 лица. Во анализираниот период бројот на слободни рфаботни места во целата држава изнесувал 10 033, а пак пополнетите работни места изнесувале 485 556.
Преработувачката индустрија која инаку вработува и најголем дел од работоспособното население во Македонија од периодот јули – септември имала потреба од 2393 работници. Во секторот трговија на големо и мало имало слободни работни места нешто на 1800. Административните дејности барале 867 нови вработувања, образовната дејност отворила 730 огласи за вработување, а потоа следуваат градежништвото со 700 слободни работни места, транспортните компании со над 600 понуди за работа. Останатите сектори имале од 500-ни до 400-ни отворени огласи, а некои и под оваа бројка.
„Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесува 2.02 %, а најголем број слободни работни места, 2 052, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.53 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.22 %. Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.70 %“, стои во ивештајот на ДЗС.
Ако ги погледнеме податоците на Агенцијата за вработување, ќе може да се види дека денеска на пазарот на труд недостасуваат точно 7791 слободни работни места. Работодавачите имаат потреба од секаков вид на кадар, од општи работници, мајстори, квалификували работници, занаетчии, до администрартивци, правници, економисти, лекари, возачи, обезбедувачи и слично.
Од владата посочија дека за годинешниот Оперативен план имало најголем интерес досега. За мерката самовработување аплицирале над 6000 лица, а тоа според нив покажува дека претприемачкиот дух кај младите е се поголем. Од владата посочија и дека финансиската поддршка е значително зголемена, и тоа 7000 евра за лица над 29 години или 14 000 евра ако се здружат во ДОО, и 10 000 евра за млади до 29 години или 20 000 евра ако се здружат во ДОО.
„До овој момент се издадени 2.916 ваучери за изработка на бизнис план, а оценети се 2.681, при што 1.140 се за млади до 29 години, 912 за лица над 29 години, а 629 за правни субјекти регистрирани како друштва со ограничена одговорност. Во моментот 2.545 лица веќе се во процес на потпишување договори за грант, по што ќе следи дводневната обука што им помага посигурно да тргнат во претприемачките води. Од вкупно 6.045 апликации, 3.296 се од млади лица под 29 години“, велат од Владата.
Најголемиот дел од компаниите кјубурат за високо квалификуван кадар. Работници нема доволно во речиси сите сектори, па тие што се ангажирани се обидуваат да ги пополнат празните дупки во фирмите. Во исто време во Агенцијата за вработување има над 100 илјади лица кои редовно се пријавуваат, наводно бараат работа – но никако да ја најдат.
И.П



