ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија долго време ги привлекуваше богатите, сега сака да плаќаат данок на...

Швајцарија долго време ги привлекуваше богатите, сега сака да плаќаат данок на наследство

Швајцарија долго време ги привлекуваше богатите, а 300-те најбогати луѓе во земјата имаат вкупно богатство од 850 милијарди швајцарски франци, или речиси 1 трилион долари, објавува „CNBC“.

Во недела (30 ноември), Швајцарците требаше да гласаат на референдум за тоа дали да се воведе данок на наследство што би изнесувал 50% за наследства од над 50 милиони франци.

Идејата е од младото левичарско крило на Социјалдемократската партија, а целта е собраните пари да се искористат за борба против климатските промени. Сепак, анкетите на јавното мислење покажуваат дека поддршката за овој данок е ниска – не повеќе од 30%. Вечерта на 30-ти ноември, владата објави дека 78,3% од гласачите на референдумот биле против идејата, која министерот за финансии ја нарече „ризичен експеримент“, објавува „Bloomberg“.

Едно од големите стравувања беше дека данокот ќе ги избрка богатите луѓе од Швајцарија. Идејата за тоа се појави уште во 2024-та година и веднаш предизвика незадоволство кај богатите семејства, а некои се заканија дека ќе ја напуштат земјата.

Според „Tagesanzeiger“, во многу случаи, богатите наследници навистина нема да можат да го платат овој данок бидејќи нивните пари доаѓаат во форма на акции во компании или други средства.

Многу богати луѓе навистина ќе ја напуштат Швајцарија доколку се воведе таков данок, велат аналитичарите.

„Тие се многу мобилни и имаат опции да ги оптимизираат своите даноци“, вели Стефан Леге од Универзитетот во Сент Гален.

Проценките на швајцарските финансиски аналитичари покажуваат дека данокот би влијаел на околу 2.000 луѓе. Тие моментално плаќаат помеѓу 5 милиони и 6 милиони франци даноци годишно. Бизнис круговите коментираат дека на земјата ѝ се потребни „добри даночни обврзници“.

„Швајцарија има многу конкуренти во Европа кои сакаат да ги привлечат богатите што бегаат. Сепак, засега, земјата нуди многу добра рамнотежа помеѓу даноците и социјалните бенефиции“, вели Леге.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП