ПочетнаЕКОНОМИЈАСистемот „Безбеден град“ започна да функционира, во декември само опомени

Системот „Безбеден град“ започна да функционира, во декември само опомени

Од денеска, почна пробниот период со камерите од системот „Безбеден град“ во кој сторителите ќе добиваат известување за сторен сообраќаен прекршок.

„Сторителите на прекршоци, кои ќе бидат документирани преку системот ‘Безбеден град’, ќе бидат санкционирани во согласност со одредбата што ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата, односно нема да има толеранција, без разлика дали ќе се документира прекршок во населено или надвор од населено место. Во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци, како: управување возило со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и непрописно паркирани возила, а во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем“, информира МВР.

За прекршоците што ќе бидат документирани преку системот „Безбеден град“, на сопственикот на возилото со кое е констатиран сообраќаен прекршок МВР ќе му достави СМС-порака на мобилниот телефон и на електронската адреса (податоци што сопственикот на возилото ги дал при регистрација на возилото) со линк за преземање записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог.

Доколку сторителот ја прифаќа одговорноста за сторениот прекршок во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, ќе плати половина од изречената глоба, ако истекол рокот од осум дена за да плати половина од изречената глоба, ќе може да го плати целиот износ на изречената глоба најдоцна во рок од осум дена по истекот на рокот за плаќање на половина од изречената глоба, а пред постапката за извршување. Кога ќе заврши со плаќање на изречената глоба во дадените рокови, не се плаќаат трошоци на целокупната постапка

Како што претходно беше најавено од МВР, во декември проектот ќе се тестира во Скопје и во два града, а од идната година ќе се спроведува на целата територија низ државата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП