ПочетнаЕКОНОМИЈАЛетово се склучиле 100 брака помалку но се родиле 160 деца повеќе...

Летово се склучиле 100 брака помалку но се родиле 160 деца повеќе од ланското лето!

Во тртетото тромесечие од годинава се родиле за 3,7 отсто повеќе деца во однос на истиот период лани. Во исто време процентот на починати лица е намален за 0,5 отсто. Државните статистичари забележале дека во јули, август и септември се склучиле помалку бракови во однос на трите месеци во 2024 година и тоа за 2,8 отсто. Загрижува податокот кој вели дека во анализираниот период разводите бележат раст и тоа за цели 27,7 отсто.

Податоците на државникот завод за статистика покажува дека во третиот квартал од годинава се имало 4431 живородено бебе, а во истиот период лани биле родени 4271 бебе. Намален е бројот на мртвородени бебиња, ако лани во третиот квартал бројот на мртвородени бебиња изнесувал 21, во текот на летниот период годинава биле 17.

Статистика објави и дека бројот на починати лица во истиот период се намалил, односно трет квартал годинава 4849, а лани истиот период 4875 лица.

Намален е бројот на бракови во текот на летото односно во јули, август и септември се склучиле 3514 бракови за разлика од ланските три месеци кога се склјучиле 3615 брака. Во однос на разводите, тие бележат сериозен раст во анализираните три месеци, и тоа третиот квартал годинава 470 разводи наспроти 368 прекинати бракови.

„Во третото тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца  изнесува 4 431 и е зголемен за 3.7 %. Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2025 година бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 лица, а од нив 20 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -418 , што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во ова тримесечје од годината се склучени 3 514 бракови и нивниот број е намален за 2.8 % во споредба со  истиот период од 2024 година, а регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.7 % во споредба со истиот период од 2024 година“, стои во извештајот на Државниот завод за статистика.

Пред неколку месеци владата најави, а потоа се повлече од идејата за воведување на данок за немажени и неженети лица. Првичната цел беше да се стимулира формирањето на семејство кое би резултирало со зголемување на наталитетот. По лавинаната на реакции од јавноста и невладиниот сектор, власта се повлече од идеата.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП