ПочетнаЕКОНОМИЈАAI би можела да замени 3 милиони нискоквалификувани работни места во Британија...

AI би можела да замени 3 милиони нискоквалификувани работни места во Британија до 2035-та

До 3 милиони нискоквалификувани работни места би можеле да исчезнат во Велика Британија до 2035 година поради автоматизацијата и вештачката интелигенција (AI), предупредува новиот извештај од Националната фондација за образовни истражувања (NFER).

Работните места во занаетите, машинското работење и административните улоги се најмногу изложени на ризик.

Од друга страна, прогнозите покажуваат дека висококвалификуваните професионалци ќе бидат во поголема побарувачка бидејќи вештачката интелигенција и технолошкиот напредок го зголемуваат работното оптоварување „барем на краток до среден рок“.

Севкупно, извештајот очекува економијата на Велика Британија да додаде 2,3 милиони работни места до 2035-та година, но тие ќе бидат нерамномерно распределени.

Наодите се спротивставуваат на други неодамнешни истражувања кои сугерираат дека вештачката интелигенција ќе влијае на висококвалификуваните технички работни места, како што се софтверското инженерство и менаџмент консалтинг, повеќе од оние во занаетите и физичката работа.

Студија на Кингс колеџот објавена во октомври процени дека „фирмите со повисоки плати“ претрпеле загуба на работни места од приближно 9,4% помеѓу 2021-ва и 2025-та година, при што голем дел од овие намалувања се случиле откако „ChatGPT“ беше лансиран кон крајот на 2022-ра година.

Владата на Велика Британија ги наведува менаџмент консултантите, психолозите и адвокатите меѓу професиите кои се „најизложени на ризик“ да ги изгубат своите работни места поради вештачката интелигенција, додека спортистите, кровопокривачите и ѕидарите имаат поголема веројатност да ги задржат своите работни места.

Минатата недела, адвокатската фирма Клифорд Ченс објави дека намалува 10% од својот персонал за деловни услуги во својата единица во Лондон, околу 50 работни места, и делумно ја припиша промената на вештачката интелигенција. „PwC “јавно се откажа од плановите за вработување на 100.000 луѓе помеѓу 2021-ва и 2026-та година, велејќи дека „светот е различен“ и дека вештачката интелигенција ги променила потребите на компанијата за нов персонал.

Извештајот на „NFER“ сугерира дека намалувањата поради усвојувањето на вештачката интелигенција може да бидат предизвикани од побавната економија на Велика Британија, фактори како што се зголемувањето на трошоците за национално осигурување и неподготвеноста на работодавците да преземат ризик.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП